Инвестициски пар 

 

Што е инвестициски пар? 


Инвестициски пар е комбиниран продукт/пакет продажба на:

  1. Депонирање средства (орочен депозит) во Банката и
  2. Купување удели во инвестициски фондови на Друштвото НЛБ Фондови АД Скопје 

Може да се вложува во сите акциски фондови со кои управува Друштвото НЛБ Фондови АД Скопје: „НЛБ Брик“, „НЛБ Америка“ и комбинираниот „НЛБ Топ Брендови “.

Депозитот може да се користи како залог.

 

Каматна стапка- фиксна за цело времетраење.

Каматна стапка на депозит:

 

ОпцииСооднос Депозит-удели во инвестициски фондовиГодишна каматна стапка на депозит на 13 месециГодишна каматна стапка на депозит на 25 месециГодишна каматна стапка на депозит на 36 месеци
Опција 1 70%-30% 3,5% 4,0% 3,8%
Опција 2 50%-50% 3,6% 4,1% 3,9%
Опција 3 30%-70% 3,7% 4,2% 4,0%

* Пресметка и припис на камата: Месечно или со доспевање

**Важи за новосклучени договори

  

Минимален влог

60.000 МКД (вкупно во депозит и фонд, согласно горенаведените соодноси)

Валута и рочност

МКД на 13,25 или 36 месеци

Пресметка и припис на камата

Месечно или со доспевање

Сооднос на влог (% на орочени средства во однос на % на вложување во фонд)

  • депозит 30 %, удели 70 %
  • депозит 50%, удели 50%
  • депозит 70%, удели 30%
Предуслови кои треба да ги исполни клиентот за користење на продуктот
  • да поседува платежна сметка во НЛБ Банка
  • да поседува минимален износ од 60.000 МКД што ќе може да го инвестира во една од понудените опции на вложување во депозит и фонд
  • да склучи договор за депозит
  • да склучи договорна документација за инвестирање во фонд

Реорочување и предвремено раскинување на договор
  • Без трошок за предвремено раскинување на договорот
  • Во случај на предвремено разорочување, се врши пресметка на камата согласно условите во договорот
  • Доколку се предвидени излезни провизии за предвремено раскинување на договорот за инвестирање во фонд, во одредени случаи се на трошок на клиентот согласно проспекти на инвестициски фондови
  • Нема автоматско реорочување, по доспевање, средствата се префрлаат на платежната сметка на клиентот
Влезни провизии во инвестицискиот фонд

Да, на трошок на клиентот согласно проспекти на инвестициски фондови/таблица на влезни провизии