Visa Debit

Visa Debit е дебитна картичка со која можете да плаќате безготовински и да подигате готовина од банкомати во земјата и странство.

Карактеристики

  • Основна идентификациона картичка директно поврзана со платежната сметка
  • Може да се користи во земјата и во странство, за плаќање во продажни места или подигање готовина на банкомати
  • Можност за користење на дозволено пречекорување на платежна сметка
  • Подигање готовина без провизија и бесплатна проверка на состојбата на банкоматите на НЛБ Банка и на банкоматите на НЛБ Групацијата во Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово
  • Дневен лимит за подигање на готовина на банкомат: до 100.000 мкд
  • Дневен лимит за безготовински ПОС терминал трансакции: 100.000 мкд
  • Кумулативен износ од 2.000 МКД кај бесконтактните плаќања со НЛБ Платежните картички. При достигнат вкупен износ на бесконтактни плаќања од 2.000 МКД, се бара од клиентот да ја внесе картичката во читачот за да биде прочитан чипот од истата и трансакцијата да биде потврдена со ПИН код. Штом се внесе ПИН код, сумирањето/кумулирањето на износите на бесконтактни плаќања започнува повторно од 0, се до следниот збирен износ од 2.000 МКД. 

  

     

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматна стапка

  • Активна каматна стапка до лимит: 14,3% (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 8 процентни поени)

 

Членарина

  •  Без членарина за цело времетраење на картичката