НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките до 31 -ви мај!
НЛБ Банка во периодот од 22.04.2019 до 31.05.2019 година подготви промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките. Двоен кешбек, за двојно повеќе среќа!
Во рамки на промотивната кампања, за секоја ПОС трансакција реализирана до 31- мај со НЛБ haPPy кредитните картички, клиентите добиваат двојно поголем износ на кешбек (поврат на средства). Максималниот износ на двоен кешбек за време на промотивниот период е до 20% од износот на трансакцијата.
НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.
За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун.
Со почит
НЛБ Банка АД Скопје