ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА, ДЕТСКА И ЦИВИЛНА ЗАШТИТА

 

НЛБ Банка на 03.01.2025 година (петок) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.

Kлиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

     

  • 03 - ти јануари (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 08 - ми јануари (среда) М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш        

 

 

Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

 

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје