Дивиденден календар 2025

 

 

 

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 29.05.2025 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ  на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Согласно Одлуката, износот на бруто дивидендата по акција изнесува 2.596,00 МКД за сите акционери.Исплатата на дивидендата ќе отпочне на датум 25.06.2025 

 

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2025 година.Прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.06.2025 година.

 

Датумот на евиденција според кој се определува списокот на акционери што имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 12.06.2025 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.

Барањата за исплата на дивиденда (доставени трансакциски сметки за исплата во друга Банка) кои ќе влезат во иницијалниот датум на исплата треба да бидат доставени најдоцна до 14.06.2025 година.

    

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје