Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно со Одлуката на Надзорниот одбор од 24.10.2024 година за свикување на Собрание на акционери
НЛБ Банка АД Скопје
ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје.
ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје.
Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје ќе се одржи на ден 29.11.2024 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Водњанска“ бр. 1, Скопје, со следниот:
Дневен ред
1. Избор на претседавач на Собранието;
2. Избор на записничар и бројач на гласови на Собранието;
3. Предлог-одлука за именување на член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје
4. Информација за поднесена оставка од член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје
5. Одлука за утврдување на надомест за членовите на надзорните органи на НЛБ Банка АД Скопје
Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.
Секој акционер што има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Секторот за правни работи и секретаријатот на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-326 и 02/5100-906) или на електронската адреса: kabinetuprava@nlb.mk.
Во Деловникот за работа на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје е опишана постапката според која акционерите учествуваат и гласаат на седницата на Собранието и истиот деловник е достапен на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување писмено полномошно. Постапката за гласање преку полномошник како и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Водњанска“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса kabinetuprava@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, полномошникот е должен во рок од 5 работни дена пред одржувањето на Собранието да достави известување до Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давањето на полномошното, бројот на акции за кои се дадени полномошната, како и дали тие се со или без инструкции за гласање.
Полномошникот го поднесува известувањето до Комисијата во писмена форма исклучиво на пропишан образец утврден во Правилникот за критериуми за утврдување на заедничко дејствување согласно со Законот за преземање на акционерските друштва.
Собранието на акционери ќе одлучува само по прашања што се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас можат, односно имаат право да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки и да предложат за усвојување одлуки кон секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на Собранието на акционери. Кон барањето за вклучување нови точки на дневниот ред акционерите истовремено треба да приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Последен рок до кој може да се предлагаат нови точки на дневен ред, односно да се предлагаат одлуки и поставуваат прашања е 5.11.2024 година (вторник).
Деталните инструкции за начинот на предлагање нови точки и одлуки на Собранието се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk.
На својата интернет-страница www.nlb.mk, не подоцна од 21 ден пред денот на одржување на седницата на Собранието, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации:
содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување седница на Собранието на акционери; вкупниот број акции и вкупниот број гласачки права што произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број акции од секој род и класа; документите и материјалите што ќе се разгледуваат на седницата на Собранието на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите (овој образец се однесува на давање полномошно од еден акционер на едно лице. Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, се користи образецот утврден во Правилникот за критериуми за утврдување заедничко дејствување согласно со Законот за преземање на акционерските друштва), Информација за начинот на предлагање точки на дневен ред, поставување на прашања и предлагање на одлуки од страна на акционерите.
Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно со Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување на Собранието на акционери, од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Водњанска“, бр. 1, 1000 Скопје, Р Северна Македонија, во Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје.
Во Скопје,
НЛБ Банка АД Скопје
“Вкупниот број на акции изнесува 854.061. Сите акции се обични, и со право на глас. Со пресек датум 28.10.2024 853.318 акции немаат ограничување на правото на глас.”