Apple Pay

Твојот iPhone сега е твоја НЛБ картичка.



Основни информации 


Apple Pay - Вашиот дигитален паричник. 

Apple Pay е едноставен, брз и безбеден начин за плаќање на ПОС терминали, на интернет и во Вашите омилени апликации, достапен на Вашите Apple уреди.

Немате паричник? Нема проблем. Можете да го оставите паричникот дома бидејќи со Apple Pay плаќате со Вашата картичка директно од Вашиот iPhone или Apple Watch.

Apple Pay користи безбедносни функции вградени во Вашиот Apple уред, вклучувајќи Face ID и Touch ID, кои се дизајнирани така што само Вие можете да овластите плаќања.

Како да активирам Apple Pay?

      • Активирајте Apple Pay преку NLB Pay мобилната апликација на Банката
      1. Oтворете ја NLB Pay апликацијата на Банката 
      2. Активирајте ги и овозможете ги Вашите платежни картички
      3. Изберете една од платежните картички која сакате да ја додадете
      4. Кликнете на полето “Add to Apple Pay”
      5. Прифатете ги Општите услови за користење на картички во дигитална форма

 

Дали Apple Pay е за мене? 


Доколку сте корисник на NLB Visa или Mastercard дебитни и кредитни картички, можете да ги додадете во Apple Pay. Исто така, потребен Ви е Apple уред на кој ќе се најавите со Вашата Apple ID сметка.

Тука сме за Вас 24/7. Јавете се во Контакт центарот на Банката на телефон 02/ 15-600.