ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

 

Нашата веб-страница www.nlb.mk користи интернет колачиња (анг. cookies). Колачињата во суштина претставуваат мали текстуални датотеки кои се складираат на уредот од кој сте ја посетиле веб-страницата и можат да бидат прочитани тогаш кога повторно ќе ја отворите, односно посетите. Ние користиме колачиња за да ни помогнат во Вашата идентификација при повторна посета на нашата веб-страница, а со цел да ги персонализираме содржините соодветно на Вашите потреби и да го подобриме, односно направиме Вашето искуство поефикасно.

Во зависност од времетраењето за кое се складираат, колачињата се делат на таканаречени постојани (анг.permanent) и привремени (анг.temporary). Постојаните колачиња се задржуваат на уредот од кој сте ја посетиле веб-страницата и по исклучување на интернет пребарувачот, додека привремените колачиња се бришат веднаш кога ќе го затворите пребарувачот. Колачињата може да се користат за различни цели, како на пример со цел да се запомнат Вашите активности и одредени преференци (јазични преференции, големина на фонт, или како да Ви се прикажува веб-страницата).  

Согласно Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронските комуникации ние можеме да складираме колачиња на Вашиот уред само доколку тие се строго неопходни за функционирањето на нашата веб-страница. Тоа значи дека за сите други видови на колачиња претходно ќе ни биде потребна Вашата согласност. Оттука, освен колачињата кои се категоризирани како неопходни, а кои се обработуваат врз основа на легитимните интереси на Банката согласно закон, сите други колачиња, како што се на пример оние од категориите за аналитика, можеме да ги обработуваме само врз основа на Ваша согласност. Имено, и покрај тоа што овие колачиња ни помагаат да ја подобриме нашата веб-страница и да го подобриме Вашето искуство со тоа, ние нема да поставуваме незадолжителни колачиња освен ако Вие тоа го овозможите. Притоа, Вие може да ја повлечете Вашата согласност за незадолжителните колачиња во секое време и да управувате со Вашата определба за колачињата со кликнување на копчето нагодувања“.

  

Оваа политика за колачиња ги опишува видовите на колачиња кои ги користиме на нашата веб-страница, како и целите за нивното користење.

Доколку имате прашања во врска со оваа политика или во врска со приватноста на податоците, ве молиме контактирајте нé на dpo@nlb.mk.

  

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб-страница користиме колачиња заради:

  • Техничка функционалност на веб-страницата (неопходни за функционирање на веб-страницата, како и за анти спам кај формите за апликација.  Ова се колачиња кои се потребни за функционирање на нашата веб-страница и се неопходни затоа што овозможуваат основна функционалност, како што се безбедност, управување со мрежата и пристапност);
  • Собирање на збирни и анонимни податоци (овие колачиња ни овозможуваат да го препознаеме и броиме бројот на посетители и да видиме како посетителите се движат низ нашата веб-страница кога ја користат. Ова ни помага да го подобриме начинот на кој работи нашата веб-страница, на пример, со тоа што ќе се осигураме дека корисниците го наоѓаат она што го бараат лесно и на пристапен начин);
  • Приказ на веб-страницата согласно преференците (фонт, контраст, големина);
  • Зачувување на Вашата определба, односно дали ги прифаќате колачињата, или не.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример податокот за идентификатор преку интернет (IP адресата), која содржина од веб-страницата сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница можеби сте биле пренасочени.

  

Каков вид на колачиња користиме?

  

1. Неопходни колачиња

Ова се колачиња кои се потребни за функционирање на нашата веб-страница и без нив не можеме да обезбедиме непречен пристап до веб-страницата. Тие се неопходни затоа што овозможуваат основна функционалност, како што се безбедност, управување со мрежата и пристапност до веб-страницата. Во оваа група на колачиња спаѓаат:

  

- сесиски (привремени) колачиња

Овие колачиња го паметат пребарувањето/сесијата од пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се користат за запомнување на Вашите претходни активности како што е на пример пополнување на апликација на нашата веб-страница во врска со одредена услуга која ја нудиме, а при враќање на претходниот линк на страницата, но за време на истата тековна сесија. Карактеристика на сесиските колачиња е тоа што се зачувуваат во датотеката на интернет пребарувачот од кој сте пристапиле, се додека не ја завршите сесијата. Овие колачиња се неопходни за да може апликациите и функционалностите на нашата веб-страница правилно да работат. Без нив услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани, а притоа, тие автоматски се бришат од уредот едновремено со затворање на пребарувачот.

  

- постојани колачиња

Нашата веб-страница користи и постојани колачиња, а заради подобра услуга на нашите посетители, на пример преку обезбедување на оптимизирана навигација, соодветна на потребите на посетителот. Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Притоа, времетраењето на овие колачиња зависи од изборот што сте го направиле самостојно во нагодувањата на интернет пребарувачот кој го користите. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот уред и тие не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од сесиските колачиња, кои се бришат кога ќе го затворите пребарувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета, а со цел да го направат Вашето искуство поефикасно.

  

Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб-страница, како што се јазикот, приказот на веб-страницата, дали некоја услуга или производ Ви биле веќе понудени за да не Ви се нудат повторно, информации за кои сте овозможиле одредена карактеристика на веб-страницата да функционира.

  

2. Аналитички колачиња

Овие колачиња се користат за аналитички и статистички цели. Тие ни овозможуваат да го препознаеме и преброиме  посетите, но како информации во збирна форма и ни овозможуваат да разбереме како се користи нашата веб-страница, за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, а без притоа да се врши идентификација. Оваа услуга ја користиме преку трета страна, односно од Google Analytics (така наречени „third party cookies“).

  

 

Како да ги избришете или контролирате колачињата?

Информациите поврзани со колачињата, како и нивното прифаќање (освен неопходните) не е потребно за работа на веб-страницата, но истите секако би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Имено, и покрај тоа што овие колачиња ни помагаат да ја подобриме нашата страница и да го подобриме Вашето искуство со тоа, ние нема да поставуваме незадолжителни колачиња освен ако Вие тоа го овозможите. Притоа, Вие може да ја повлечете Вашата согласност за незадолжителните колачиња во секое време и да управувате со Вашата определба за колачињата со кликнување на копчето „нагодувања“. Доколку сакате, можете и да ги избришете или блокирате, но во тој случај е можно одредени особености на нашата веб-страница да не работат целосно.

  

На Вашиот уред можете да ги нагодите поголемиот дел од пребарувачите во однос на колачињата, вклучувајќи и нивно блокирање, но во таков случај ќе биде потребно да ги нагодите Вашите определби секој пат кога ќе ја посетите нашата веб-страница.

Нагодувањето на колачињата може да го направите со кликнување на копчето „нагодувања“.

Со кликање на копчето „Не благодарам, само неопходни колачиња“, се оневозможуваат сите, освен неопходните колачиња кои секогаш остануваат активни бидејќи без нив веб-страницата не може правилно да функционира.

  

Do not track preferences“, односно „не ме следи“ определба

 

Оваа функција Ви овозможува како посетител да не бидете следени од веб-страниците.

Во случај кога не сакате да ги користите, или ако сте се премислите откако сте ги прифатиле колачињата, опцијата „не ме следи“ е достапна во голем број прелистувачи, вклучувајќи како на пример:

-       Chrome

-       Internet Explorer

-       Firefox

-       Safari

-       Opera     

 

Рок на задржување (траење) на колачињата

Неопходни колачиња

- сесиските колачиња автоматски се бришат со прекинување на тековната сесија

- постојаните колачиња остануваат во пребарувачот во рок кој се одредува со изборот што Вие ќе го направите во поставките на Вашиот пребарувач, но не подолго од шест месеци.

 

Аналитички колачиња (Google analytics) 

(_ga) Овие колачиња се генeрираат при првата најава и се зачувуваат само на уредот/пребарувачот каде се поставени. Ова колаче е од групата постојани колачиња кое се користи за разликување на посетителите, a рокот е две години од моментот на нивното поставување.

(_gid) Ова колаче се користи за складирање на информации за тоа како посетителите ја користат веб-страницата и помага во креирањето на аналитички извештаи за тоа како работи веб-страницата. Собраните податоци вклучувајќи и бројот на посетители, изворот од каде што е пристапено и што сте прелистувале на нашата веб-страница е анонимен, а рокот на овие колачиња е еден ден од моментот на нивното поставување.

(_gat) Ова колаче се користи за намалување, односно контрола на барањата, а со цел генерирање извештаи за статиситички цели кои ги користиме за да ја подобриме нашата веб-страница. Рокот на овие колачиња е една минута од моментот на нивното поставување.

 

Промена на Политиката за колачиња

 

Политиката за колачиња редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно закон.