Продолжува промотивната понуда за НЛБ Супер депозитите со атрактивни каматни стапки


НЛБ Банка продолжува со промотивната понуда за депозити за физички лица, која ќе биде достапна до 31 октомври 2024 година. Оваа понуда овозможува клиентите да ги максимизираат своите средства со сигурни и атрактивни каматни стапки за штедни влогови во денари и во евра. НЛБ Супер депозитите се наменети за сите кои сакаат да инвестираат во својата иднина и да ги остварат своите планови.


Промотивните услови се однесуваат на ново-склучени договори за НЛБ Супер депозитот и нудат фиксни каматни стапки од 4% за депозити во денари и 3% за депозити во евра, со рок на орочување од 25 месеци. Отворањето на депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и едноставен процес. Kлиентите можат да посетат било која експозитура на Банката и да добијат персонализирана услуга и искусен тим на финансиски експерти кој ќе им помогне да ја изберат вистинската опција за штедење.

Повеќе информации за промотивната понуда може да се добијат во експозитурите на НЛБ Банка, преку контакт центарот на телефонскиот број 02/15600 или на следниот линк: https://shorturl.at/eCzsK