Известување за клиенти
Почитувани клиенти,
Би сакале да ве известиме дека поради техничка надградба на ИТ системот на Банката во текот на претстојниот викенд, во сабота 26.10.2024 од 15:00 часот до недела 27.10.2024 до 08:00 часот нема да бидат достапни следните услуги на Банката: електронско и мобилно банкарство, уплата на банкомат (cash in) и услугата СМС известување. Дополнително, за време на техничката надградба ќе биде оневозможено и издавањето кредити преку кредитниот партнер на Банката, Нептун.
За повеќе информации и поддршка јавете се на 02 15 600.
Ви благодариме на разбирањето,
Ваша НЛБ Банка