Успешно деветмесечје за НЛБ Банка- Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

 

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година. НЛБ Банка оствари нето - добивка во износ од 44.178 илјади евра, што претставува зголемување за 11,6 % во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 6,9 % и раст на депозитите од 8,1 % споредено со истиот период претходната година.

   

 

   

Позитивните деловни перформанси на Банката се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемен број на корисници на платните сервиси, како и позитивните трендови на финансиските пазари. Воедно, успешното работење на Банката е и резултат на внимателно управување со ризиците, оперативната ефикасност, како и постојаната посветеност за подобрување на корисничкото искуство и искористување на можностите за понатамошен раст.

 

Во деветте месеци од годинава, НЛБ Банка реализираше и поддржа низа општетствено одговорни проекти и активности од областа на спортот, културата и традицијата, образованието и финансиската едукација, помош при катастрофи и поддршка на ранливи и маргинализирани групи.

 

Во споменатиот период започна втората сезона на проектот за развој на младински спорт „Растеме во шампиони“, а Банката и годинава застана зад годишната програма на „Специјалната Олимпијада“, но и зад многу професионални спортски клубови и федерации. Традиционално, НЛБ Банка ги поддржа Галичка свадба, Охридско лето, Скопскиот џез фестивал и низа други проекти значајни за заедницата.

 

НЛБ Банка продолжува и натаму да биде поддршка на населението и стопанството во земјата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат и дигитализацијата, унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.