ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА „NLB PAY Македонија“

 

 

Член 1

 

Воведни одредби

Овие општи правила и услови ги пропишуваат правата и обврските на Корисникот на апликацијата NLB Pay Mакедонија и Банката, поврзани со користењето на апликацијата NLB Pay Mакедонија.

За се што не е уредено со овие општи правила и услови или пак постојат одредени неусогласености, предност ќе имаат и соодветно ќе се применуваат одредбите од :

 

  • Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лицa/правни лица
  • Договор за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко/правно лице
  • Посебен договор за користење на кредитна платежна картичка за физичко/правно лице, во случај кога е применливо

 

Одлуката за тарифа на надоместоци на услуги на НЛБ Банка Скопје, преставува составен дел на овие Општи правила и услови.

 

Сите термини употребени во овие општи правила и услови за користење на услугата „NLB PAY Македонија“ го имаат истото значење како и термините употребени во Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лицa/правни лица и одредбите од Договор за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко/правно лице и Посебен договор за користење на кредитна платежна картичка за физичко/правно лице, во случај кога е применливо, освен доколку поинаку не е дефинирано во овие Општи правила и услови.

Член 2

 

Дефиниција на термини

Код за активација - еднократна лозинка составена од низа броеви, кој Корисникот го добива преку СМС порака доставена на мобилниот број кој Клиентот го има  доставено како контакт број, и истиот се користи за потврда сопственоста на бројот како и активација на услугата NLB Pay.

Банка - НЛБ Банка Скопје (седиште: Мајка Тереза бр 1, 1000 Скопје); 

Општи правила и услови преставуваат општи правила и услови за користење на услугата NLB Pay Македонија, применливи на денот на активирање на услугата; 

Корисник претставува физичко лице - имател на платежна картичка според условите утврдени во Договор за добивање и користење на платежни картички од палетата на Master Card и Visa издадени од НЛБ Банка Скопје кој ја користи апликацијата NLB Pay Македонија;


Картичка означува платежен инструмент издаден од страна на Банката, која Корисникот има право да ја користи согласно одредбите во Договорот за добивање и користење на платежни картички од палетата на Master Card и Visa издадени од НЛБ Банка Скопје и со која соодветно може да се користи услугата NLB Pay Македонија;

 

Договор за лиценца ја преставува лиценцата за користење на мобилниот паричник, во сопственост компанијата Fabrick S.p.A., а која е обврзувачка за корисникот на услугата NLB PAY Македонија, кој се согласува со истата преку прифаќање на овие Општи правила и услови. 

 

NLB Pay Македонија е електронски канал за плаќање (кој може да се нарече и дигитален или мобилен паричник) преку кој се обезбедува услугата на бесконтактно плаќање со употреба на мобилен апарат. Корисникот може да изврши плаќање на POS терминалите и подигнување на пари од банкоматите на кои е овозможена услуга за бесконтактни трансакции, користејќи ги своите расположливи платежните картички кои ги има зачувано на својот дигитален паричник или NLB Pay Македонија.

 

NFC (Near Field Communication) технологија е технологија која овозможува размена на податоци на мало растојание помеѓу мобилен уред и POS терминал или банкомат, без директен контакт на платежната картичка

Мобилен уред означува мобилен телефон (смартфон), таблет или друг дигитален уред со напредни функционалности, кои поддржуваат NFC технологија и на кои може да се инсталира соодветната верзија на оперативниот систем, што овозможува инсталација и употреба на апликацијата NLB Pay Македонија.

POS терминал е уредот преку кој се вршат плаќања со картички на продажни локации, вклучувајќи и плаќања преку NLB Pay Mакедонија апликацијата, доколку истите поддржуваат употреба на NFC технологија.

NLB Pay Македонија мобилен паричник претставува  апликација на Банката која е достапна во мобилната продавница Google Play, која е инсталирана на мобилниот уред во согласност со упатствата за употреба на NLB Pay Македонија мобилниот паричник.


Упатства за употреба на апликацијата NLB Pay Mакедонијаги означува упатствата објавени на официјалната интернет страна на Банката www.nlb.mk

 

Google Play Store – Google Inc. платформа овозможена од Google и наменета за преземање на апликации за мобилни уреди базирани на Android оперативниот систем.

 

Активна интернет конекција – безжична интернет врска на мобилниот уред, која може да биде и Wi-Fi конекција.

 

E-mail адреса – електронска адреса на која се праќаат и од која се примаат пораки по електронски пат.

 

Сигурносни елементи се лозинките, отпечатокот од прст и други видови сигурносни елементи наменети за пристап до мобилниот уред и активација на услугата NLB Pay Македонија.

 

Тарифа на надоместоци на услугите на НЛБ Банка Скопје  – Одлука за тарифата на надоместоци за услугите кои ги врши Банката со која се регулирани сите задолжувања за износот на трансакциите, провизиите, членарините и надоместоците кои настануваат со користење на платежната картичка на NLB Pay Македонија мобилен паричник.

 

Член 3

 

Активација на услугата NLB Pay Mакедонија

Корисникот ја презема апликацијата NLB Pay Mакедонија од Google Play Store на својот мобилен уред и се регистрира со внесување на својот ЕМБГ (Единствен матичен број на граѓанинот) и мобилниот телефонски број.

 

Активација може да се изврши на уред кај кој не е променет фабричкиот софтвер. Доколку прикажаниот мобилен телефонски број не е телефонскиот број на Корисникот даден како контакт на Банката, Корисникот нема да биде во можност да ја заврши процедурата за најава на NLB Pay Mакедонија без да ја контактира Банката за промена на својот телефонски број.

 

Банката ќе го испрати кодот за активација на телефонскиот број, а Корисникот ќе го употреби за активација на услугата NLB Pay Mакедонија. По успешната активација на услугата NLB Pay Mакедонија, на Корисникот ќе му бидат прикажани платежните картички кои се во негова сопственост и за понатамошна регистрација потребно е да се направи избор на една од платежните картички со внесување на картичниот пин.

 

NLB Pay Mакедонија услугата може да се активира само ако Корисникот, на својот мобилен уред има активирано еден од методите за заклучување на мобилниот уред со сигурносни елементи кои спречуваат употреба на мобилниот уред од страна на трети лица.


Апликацијата може да се користи исклучиво во држави и/или региони кои не се предмет на забрани или ограничувања на операции со картички, издадени на веб страните на меѓународните платежни системи (Master Card/Visa).

 

Член 4

 

Активација на картичката и плаќање преку апликацијата NLB Pay Mакедонија


По успешната регистрација на услугата NLB Pay Mакедонија, на Корисникот ќе му бидат прикажани сите платежни картички кои се во негова сопственост. За овозможено дигитално плаќање потребен е избор на копчето „Додај во GPay” и преземање на апликацијата Google Wallet од Google Play Store доколку истата претходно не е достапна на мобилниот уред.
Корисникот може да ги активира сите платежни картички кои се во негова сопственост и да ги употребува за дигитални бесконтактни плаќања.
Корисникот ги употребува сигурносните елементи (лозинка, отпечаток од прст или други сигурносни елементи) секој пат кога ќе ја употребува услугата NLB Pay Mакедонија, во согласност со упатствата за употреба на NLB Pay Mакедонија и функционалностите на мобилниот уред (на пр. лозинки, отпечатоци).

За да може да се извршат трансакциите преку услугата NLB Pay Mакедонија на POS терминал со избраната картичка, Корисникот треба да го активира мобилниот уред користејќи сигурносен елемент. Ако плаќањето треба да се изврши со употреба на друга картичка, која не е избрана како основна картичка во Google Wallet, Корисникот потребно е најпрво да се најави на NLB Pay Mакедонија со сигурносен елемент и да избере друга картичка за плаќање.

Корисникот го извршува плаќањето со приближување на мобилниот уред до POS терминалот кој подржува NFC технологија или банкомат кој подржува бесконтактно плаќање. Договорните клаузули од Договорот за добивање и користење на платежни картички од палетата на Master Card и Visa издадени од НЛБ Банка Скопје важат и за трансакции извршени преку апликацијата NLB Pay Mакедонија.


Член 5

 

Безбедност на апликацијата NLB Pay Mакедонија и мобилниот уред

 

Корисникот се обврзува:

 

  • Внимателно да се грижи и да го заштити мобилниот уред , т.е. да спречи истиот да биде изгубен, украден и/или злоупотребен и да не дозволи употреба од страна на трети лица
  • Внимателно да се грижи за безбедноста на сигурносните елементи кои се користат на мобилниот уред при користење на апликацијата NLB Pay Mакедонија
  • Да преземе одговорност за настаната штета поради злоупотреба на сигурносните елементи, губење на податоци, неовластен пристап до податоци на Корисникот од страна на трети лица
  • Да се погрижи апликацијата NLB Pay Mакедонија да биде отстранета од мобилниот уред на кој е инсталирана, кога тој уред веќе функционално не се употребува од страна на Корисникот и да ги почитува упатствата за повторна активација на NLB Pay Mакедонија услугата на друг уред и да постапи согласно со упатствата за употреба на апликацијата NLB Pay Mакедонија
  • Да ја информира Банката, преку експозитурите на НЛБ Банка, преку Контакт центарот на 02/15-600 или на друг начин овозможен од страна на Банката за било какви промени поврзани со мобилниот телефонски број
  • Да има безбеден пристап до мобилниот уред со сигурносен елемент, односно  мобилниот уред на кој е активирана услугата NLB Pay Mакедонија да не биде без сигурносен елемент за активирање
  • Да ја употребува апликацијата NLB Pay Mакедонија во согласност со упатствата за употреба на апликацијата NLB Pay Mакедонија, Општите правила и услови и важечките прописи
  • Да го почитува договорот за лиценца за мобилниот паричник, ги почитува условите за преземање, инсталација и користење на NLB Pay Mакедонија апликацијата
  • Веднаш да ја извести Банката, за било какви нерегуларности при функционирањето на услугата NLB Pay Mакедонија
  • На мобилниот уред да не употребува или инсталира било какви компјутерски кодови, сомнителен софтвер или други инсталации што би можеле да оневозможат непречено функционирање на апликацијата NLB Pay Mакедонија
  • Да преземе целосна одговорност пред Банката во случај на штета предизвикана поради употреба на апликацијата NLB Pay Mакедонија спротивно на овие општи правила и услови
  • Ќе ја информира Банката за било каква неовластена употреба, сомнеж за неовластена употреба или можност за неовластена употреба на мобилниот уред (на пр. ако трета страна на било кој начин дознала за сигурносните елементи), кражба или губење на мобилниот уред, и во тој случај потребно е да побара услугата NLB Pay Mакедонија да биде блокирана
  • Да ги следи известувањата од Google Play Store на мобилниот уред и постојано да  презема/ажурира нови верзии на апликацијата NLB Pay Македонија
  • Редовно да ги следи известувањата од Банката поврзани со употребата на услугата NLB Pay Mакедонија преку NLB Pay Mакедонија апликацијата или официјалната интернет страна на Банката (www.nlb.mk)
  • Да се информира за листата на држави и/или региони кои се предмет на забрани или ограничувања на работа со платежни картички, објавена  на официјалните интернет страни на меѓународните платежни системи (Master Card/Visa) и да не ја активира или употребува апликација NLB Pay Mакедонија во тие држави и/или региони.


Член 6

 

Блокирање на NLB Pay Mакедонија услугата или исплатите направени со употреба на услугата NLB Pay Mакедонија и прекин на употреба NLB Pay Mакедонија апликацијата


Банката го задржува правото да го спречи пристапот на Корисникот до услугата NLB Pay Mакедонија поврзани со една или сите картички во било кое време ако:

 

  • има било какво сомнение за неовластен пристап до апликацијата NLB Pay Mакедонија
  • мобилниот уред на кој е инсталирана апликацијата NLB Pay Македонија на Корисникот е изгубен или украден
  • Корисникот не ја преземал/ажурирал новата верзија на апликацијата NLB Pay Mакедонија кога истата била достапна
  • Корисникот не ги почитува овие Општите правила и услови
  • Банката не ја нуди услугата NLB Pay Македонија, за што Банката ќе го информира Корисникот.

Услугата NLB Pay Mакедонија може да се откаже од страна на Корисникот во експозитурите на НЛБ Банка или преку друг канал што Банката ќе го овозможи за Корисникот.

Корисникот не може да ја откаже услугата NLB Pay Mакедонија само со отстранување на апликацијата NLB Pay Mакедонија од својот мобилен уред.

 

Член 7

 

Обврски на Банката

Банката се обврзува да:

 

  • Ги извршува своите обврски во согласност со овие Општи правила и услуги
  • Го информира Корисникот за било какви измени и/или дополнувања на Општите правила и услови и Одлуката за тарифа на надоместоци на услуги што ги врши НЛБ Банка Скопје,
  • Го информира Корисникот кога Банката ќе одлучи повеќе да не ја обезбедува услугата NLB Pay Mакедонија.

 

Банката нема да биде одговорна за штети настанати поради причини кои Банката не можела да ги спречи или избегне и не се во нејзин домен на работење  како и во случај на штета настаната поради „виша сила”.

Банката не одговара за било каков дефект на мобилниот уред, вклучувајќи го и оној предизвикан од вирус.

 

Член 8

 

Заштита на податоци 

Со активација на NLB Pay Mакедонија услугата, Корисникот се согласува на обработка на неговите лични податоци со цел активација на картичката и плаќање преку услугата НЛБ Pay Македонија согласно Општите правила и услови и во согласност со законската и подзаконска регулатива од оваа област на уредување.


Член 9

 

Измени и дополнувања на општите правила и услови

Во случај на измена и/или дополнување на овие Општи правила и услови, Банката се обврзува да го информира Корисникот. Доколку Корисникот не даде согласност на изменетите/дополнети Општи правила и услови, преку потврда и прифаќање на изменетите Општи правила и услови, Банката ќе ја оневозможи употребата на апликацијата NLB Pay Mакедонија од страна на Корисникот.

Член 10

 

Надоместоци 

Банката има право да  му ги наплати на Корисникот надоместоците и трошоците кои се поврзани со употреба на услугата NLB Pay Mакедонија, во согласност со важечката Одлука за тарифа на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка и Општите правила и услови. Употребата на апликацијата NLB Pay Mакедонија може да вклучува и трошоци за пренос на мобилни податоци.

 

Во случај на промена на Тарифата на надоместоци на НЛБ Банка Скопје, Корисникот се смета дека е известен преку објава на официјалната интернет страна на Банката на денот на објавување.  

Овие Општи правила и услови важат од 30 мај 2023 и се достапни на Корисниците во експозитурите на НЛБ Банка како и на официјалната интернет страна на Банката.