Почитувани,
Ве известуваме дека Банката изврши измена и дополнување на Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица и правни лица, како и во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка, кои ќе се применуваат од 23.6.2025 година:
Измените во Општите услови се однесуваат на одредби за: комуникација со клиентите, авторизација на трансакции, уредување на околностите на крајно невнимание, како и одредени технички прилагодувања. Ревидираните Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица се објавени на следниот линк, а за правни лица на следниот линк.
Измените и дополнувањата во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка можете да ги прочитате на следниот линк.
Повеќе детали за промените, ревидираните Општи Услови и ревидираната Одлука за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка се достапни на порталот за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги на следниот линк: НЛБ - Моја Банка или во хартиена форма во ескпозитурите на Банката.
Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја известите Банката дека ги одбивате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.
Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје