НЛБ Банка го одобри 50.000-тиот happy инстант кредит во соработка со Нептун Доо Македонија

   

  

  

По повод одбележувањето на 3 годишнината од постоењето на happy card проектот, Нептун Македонија ДОО реализираше промотивна акција за happy инстант кредитите. НЛБ Банка во рамки на оваа промотивна акција го одобри 50.000- тиот happy инстант кредит на име на Славица Ѓоргиева од Кочани. Со цел одбележување на овој значаен број на одобрени happy инстант кредити и наградување на лојалноста на клиентите, НЛБ Банка ја награди клиентката со НЛБ Mastercard кредитна картичка на износ од 300 еур.

               

НЛБ Банка го нуди happy инстант кредитот на сите продажни места на Нептун Македонија ДОО. Клиентите аплицираат со минимална документација, а одобрувањето на кредитот се врши веднаш во продажните салони на Нептун, по што клиентите си заминуваат со купената роба. Овој продукт е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос и пензионери.