ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИ ОД ТУТУН ОД 21-ВИ АПРИЛ

 
 
 

Би сакале да Ве информираме дека од 21.04.2020 година, НЛБ Банка ќе започне со исплата на субвенции од тутун.
 

Со цел намалување на гужвите во експозитурите и воспоставување на ред за исплата,  креиран е распоред за исплата на субвенциите во експозитурите на Банката. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
 

  • На 21.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од А до Д
  • На 22.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од Ѓ до К
  • На 23.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од Л до Р
  • На 24.04.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од С до Ш
     



Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 20.04 - понеделник, по 16 часот и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

Во случај да мора да посетите експозитура, апелираме да се почитуваат сите превентивни мерки на Банката! Чекајте ред на обележаните места и одржувајте растојание со другите од најмалку 2м!