НЛБ Банка вработува: Банкарски комерцијалист во експозитури Валандово и Гевгелија

    

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

 

Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да бидете дел од тимот и да работите во динамична продажна средина, ве мотивираме да се пријавите на отворената атрактивна работна позиција:

  

Банкарски комерцијалист во експозитури Валандово и Гевгелија 

  

Твоите работни цели:
 
  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги за физички лица
  • Следење на развојот на пазарот и континуирана грижа за клиентите
  • Постојано унапредување на продажните процеси, банкарските продукти и услуги
  • Проактивно привлекување нови клиенти; збогатување на клиентската мрежа на Банката.

 

Твојот профил: 

 

  • Универзитетско образование од економски науки или сродни профили (или студенти од завршни години);
  • Истакнати комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиентите;
  • Агилност, самоиницијативност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик на средно/напредно ниво

 

  

Твој мотив да ни се придружиш:

  

-       Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;

-       Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;

-       Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;

-       Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

 

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 10.08.2020година.

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

 НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.