НЛБ Банка вработува 

    

НЛБ Банка, една од водечките банки во Р. Македонија, нуди можност за вработување на следната работна позиција:

 

  

Проценител на недвижен имот

Главна цел на работното место е извршување на стручна техничко-технолошка проценка на вредноста на градежните објекти и опрема при воспоставување на заложно право – хипотека, следење на инвестициите во тек, како и изработка на стручни извештаи согласно потребите на процесот.

  

Улога во тимот:

  • Проценка на пазарната вредност на недвижен имот (градежни објекти) и опрема;
  • Спроведување репроценка на заложениот имот во Банката;
  • Соработка со надворешните проценители на банката и контрола на проценките извршени од страна на надворешни проценители;
  • Изработка на анализи и извештаи;
  • Континуирано следење на измените во законските прописи и други акти за проценка и данок на имот, како и следење на меѓународните стандарди за проценка на недвижен имот.

  

Потребни квалификации и компетенции:

  • Уверение за положен испит / Лиценца во областа за проценка на недвижен имот и опрема;
  • Напредно познавање на регулативата од областа на проценки и данок на имот;
  • Познавање / сертификат за меѓународни стандарди ќе се смета за предност;
  • Универзитетско образование од област на градежништво / архитектура ќе се смета за предност;
  • Високо ниво на пишан и говорен англиски јазик;
  • Напредно користење на Office пакетот;
  • Возачка дозвола од Б категоријa;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Проактивен пристап во работата, способност за тимска работа и одлични комуникациски и организациски вештини.

  

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

  • Работното место нуди предизвик за работа во динамична средина со користење на современи системи за проценка;
  • Интернационален тим на врвни професионалци, посветени на иновации;
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
  • Можности за обука и кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

  

Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот линк најдоцна до четврток 21.02.2019 год.

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.