ПОС терминали

Можност за опслужување на картични трансакции со најширок опсег на картични продукти на пазарот.

Карактеристики

ПОС терминалите на Банката овозможуваат опслужување на трансакции со картички од следните картични брендови/програми:

      • Maestro картички издадени од сите домашни и странски банки
      • MasterCard® картички издадени од сите домашни и странски банки
      • Visa Electron картички издадени од сите домашни и странски банки
      • Visa картички издадени од сите домашни и странски банки
      • Локални картички за домашна употреба издадени од македонски банки

НЛБ Банка е единствена банка на македонскиот пазар која поседува техничка можност за прифаќање на картичките од програмите на:

      • Diners Club
      • Discover и
      • American Express

ПОС терминалите на НЛБ Банка функционираат во согласност со најсовремените безбедносни стандарди пропишани од страна на меѓународните картични платежни системи (Visa и МasterCard®).

Согласно Вашите деловни потреби, банката е во можност да Ви понуди процесирање на трансакции со картички преку најсовремени GPRS или LAN ПОС терминали кои поддржуваат бесконтактно плаќање. Овие модели на ПОС терминали во комбинација со бесконтактната технологија овозможуваат спроведување на определени трансакции без потреба од физички контакт помеѓу картичката и ПОС терминалот што ќе придонесе за максимално скратување на времето на спроведување на трансакцијата.   

Основни информации

  • ПОС терминалите се даваат на користење на продажните места.
  • При инсталацијата се врши бесплатна обука на вработените за начинот на користење на ПОС терминалот.
  • 24 часовна позадинска логистика во случај на евентуални проблеми.
  • Банката на дневна основа по e-mail ќе Ви доставува детален извештај за трансакциите со картички преку ПОС терминалите на Банката.

Како да станете корисник?

За да станете корисник на ПОС терминал на НЛБ Банка потребно е да се обратите во најблиската експозитура и да поднесете Барање за ПОС терминал или да аплицирате online:

Аплицирај online

Повеќе информации:

За повеќе информации обратете се на телефонски број 02/15 600 или на e-mail  адресата pos@nlb.mk

За повеќе информации кликни тука