Тргување со хартии од вредност

НЛБ Банка Ви овозможува брзо и едноставно да купите или продадете акции или обврзници.

Основни информации

НЛБ Банка Ви ги овозможува следниве брокерски услуги:

  • Тргување на Македонската берза
  • Тргување на берзите од регионот - Бугарија и Хрватска (наскоро и берзите во Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Грција)
  • Посредување при продажба на акции при преземање на акционерски друштва
  • Посредување при купување на акции и обврзници во постапка на издавање на нови емисии на хартии од вредност
  • Навремени и корисни информации за актуелните случувања на македонската берза и берзите од регионот
  • Советување со Вашиот личен брокер околу Вашиот план за инвестирање и креирање на портфолио
  • Фундаментални и технички анализи за компаниите кои тргуваат на берзите во Скопје и берзите членки на СЕЕ Линк
  • Бесплатен берзански преглед на тргувањето на берзите во Скопје и регионот. Доколку сакате да го добивате бесплатниот берзански преглед Ве молиме испратете е-маил на следната адреса: broker@nlb.mk

  • Едноставно, брзо и сигурно тргување на Македонска Берза.
  • Електронско давање на налози за купување и продавање на хартии од вредност, нивна измена или повлекување
  • Следење на берзанското тргување и извршувањето на налозите во реално време
  • Аларми (нотификации за промените на пазарот)
  • Автоматски прием на извештаи за реализирани трансакции
  • Пристап во секое време до моменталните и историските податоци за портфолиото, налозите и трансакциите

Што е потребно за електронско тргување?

  • Склучување на договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност и/или Анекс кон договорот
  • Доделено корисничко име и лозинка

Што е потребно за да тргувате?

 

  • Лична карта или пасош
  • Тековна состојба 
  • Трансакциска сметка

 Повеќе информации

  • Во најблиската експозитура на Банката
  • Е-mail: broker@nlb.mk
  • Телефон: 02 / 5100-358, 02 / 5100-387 и 02 / 5100-357

Листа на берзите на регионот

www.bse-sofia.bg

www.zse.hr

www.ljse.si

www.belex.rs

www.sase.ba

www.ase.gr