Документарни акредитиви - Ностро    

Основни информации

Документарниот акредитив е неотповиклива обврска на банката што го издава, да прифати и да плати по презентација на документација за наплата во согласност со акредитивните услови. Ностро е акредитивот издаден од НЛБ Банка АД Скопје, по налог на нејзин комитент или за сопствени потреби. Во улога на налогодавач може да се јават физички и правни лица.

Што е потребно?

  • Да имате отворено денарска и девизна сметка во НЛБ Банка
  • Документ кој ја одразува комерцијалната зделка помеѓу налогодавачот и корисникот
  • Да имате поднесено уредно пополнет образец 1451 (страна 1 и 2) потпишан од налогодавачот
  • Соодветно обезбедување

Каде може да го доставите барањето?

Директно во Службата за документарно работење или преку сите експозитури на Банката.


За сите потребни информации можете да се обратите на:
Тел: 02 / 5100 - 485  
Тел: 02 / 5100 - 621 
Тел: 02 / 5100 - 825 

Е: dokumentarno_rabotenje@nlb.mk

Провизии и трошоци

Во зависност од висината на изложеноста и покритието, провизијата се движи од 0,08% до 0,35% месечно (минимум 500 МКД месечно) и 500 МКД еднократен SWIFT трошок.
Измена на условите е 1.200 МКД еднократно, за секоја измена на акредитивот и/или договорните услови.

Потребни документи

  • Договор за отворање акредитив (се склучува со Банката)
  • Намера за откуп на девизи на девизниот пазар на Банката и Заклучница од Девизен пазар
  • Дополнителни документи во зависност од обезбедувањето

За повеќе информации кликни тука