НЛБ мКлик - наградена во категоријата „Најдобра мобилна апликација”

   

  

Почитувани клиенти,

  

Со задоволство Ве информираме дека на доделувањето на овогодинешните награди „Сајт на годината“, нашата НЛБ мКлик е наградена во категоријата „Најдобра мобилна апликација” во Македонија.

 

НЛБ мКлик е трето наградена и е единствена наградена апликација од областа на финансиите, останатите награди во категоријата им припаднаа на апликациите „Групер“ и „Мој воздух“.

  

 Искрено Ви благодариме што активно ја користите НЛБ мКлик, но и за сите гласови.

   

Продолжуваме креативно да работиме на дополнително усовршување на апликацијата, воедно како и секогаш до сега да развиваме иновативни продукти, со цел да им излеземе во пресрет на вашите потреби и очекувања.

 

 

 

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје