Известување за исплата на пензии и неработни денови

 

  

Почитувани,
 

Ги известуваме сите клиенти – пензионери кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка, дека пензијата за месец декември 2017 година, Банката ќе им ја исплати на 29.12.2017 година – петок.

Дополнително, експозитурите на Банката кои работат во сабота, ќе работат со редовно работно време. Исто така, Ве информираме дека по повод Новогодишните празници, експозитурите на Банката нема да работат на 01.01.2018 година- понеделник.

 

Ви ги честитаме Новогодишните празници и Ви посакуваме успешна и среќна година.

    

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје