Известување за исплата на дивиденда



Почитувани,



НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 28 јуни ќе врши исплата на дивиденда за 2018 година. Право на исплата на дивиденда за 2018 година имаат сите акционери на НЛБ Банка АД Скопје кои се евидентирани во Извод на акционерска книга од ЦДХВ заклучно со 13.06.2019 година.


За акционерите коишто имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје, дивидендата ќе се исплати на нивните трансакциски сметки во Банката.


За акционерите коишто немаат трансакциска сметка во Банката, исплатата ќе се врши согласно лично доставен пополнет и потпишан образец од акционерот “Инструкции за исплата на дивиденда” во експозитурите на Банката или во Службата за стратешко планирање и финансиски контролинг, Сектор за финансиско управување во централата на Банката. Идентификацијата на акционерите се врши со документ за лична идентификација, лична карта или пасош.


Образецот Инструкции за исплата на дивиденда, за акционерите резиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.


Образецот Instructions for dividend payout, за акционерите нерезиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.


Покрај образец за инструкции, акционерот е потребно да достави и копија од трансакциска сметка од банката во којашто сака да му биде исплатена дивидендата.


Акционерите нерезиденти се должни да достават и копија од пасош со цел обезбедување даночен број од Управата за јавни приходи на Република.



Со почит,

Служба за стратешко планирање и финансиски контролинг