СПОНЗОРСТВА И ДОНАЦИИ


 Поднеси барање

 

Грижата за заедницата во која делуваме отсекогш била една од нашите стратешки определби. За нас, подобрување на животот значи да се биде застапник на одржливи практики, да се покаже интерес и разбирање еден за друг и грижа за сето она што го оставаме на идните генерации.

 

Покрај исполнувањето на целта за деловни перформанси, нашата банка активно и континуирано се стреми да го подобри квалитетот на животот во регионот преку поддршка на општествено одговорни проекти, спонзорства и донации. Клучните столбови на општествено одговорното работење во рамки на целата НЛБ Групација се:

 

  • грижата за нашите вработени,
  • усогласеноста и интегритетот,
  • унапредувањето на претприемништвото,
  • менторството,
  • поддршката на професионалниот и младинскиот спорт,
  • хуманитарните активности и
  • заштитата на културното наследство и животната средина.

Свесни дека живееме во време кога е потребно повеќе од кога било да се обединиме на патот кој води кон подобра иднина, ги ставаме луѓето на прво место, но во исто време не ја запоставува околината. Веруваме и вложуваме во иднина која го подобрува квалитетот на животот во нашиот матичен регион и истовремено создава добри услови за нашите компании.

 

Со цел да го подобриме квалитетот на животот мораме постојано да размислуваме проактивно и да помогнеме онаму каде е најпотребно!