НЛБ Банка АД Скопје е водечка банкарска институција во Република Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Македонија.
НЛБ Банка АД Скопје е една од најуспешните банки во НЛБ Групацијата. Успехот се должи на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија, успешната пазарна стратегија, како и на професионалниот менаџмент, зајакнати со брендот на НЛБ.
Мисија на Банката
Наша цел е да бидеме помеѓу водечките финансиски институции во земјата,
Да обезбедиме повисоко ниво на квалитет на услугите, современа понуда на нови продукти и градење традиција на Банката,
Преку ефикасноста и економичноста во работењето да оствариме профит.