На 28 ноември 2010 година, за прв пат се отворија вратите на Галерискиот простор на НЛБ Банка кој зафаќа 200 м2 од приземјето на Банката и е специјално наменет за галериски активности. Така тргнувајќи од свеченоста за одбележување на 25 годишнината од основањето на НЛБ Банка, настан под мотото ,,За уметноста и пријателството”, се отвори првата изложба, на дела од Сергеј Андреевски, Коле Манев, Глигор Чемерски и Мирослав Масин. Изборот на авторите како и мотото на свеченоста, не беше случаен. Во оваа прилика, НЛБ Банка симболично му оддаде почит на прерано починатиот член на Управниот одбор, страсниот подржувач на уметноста и мецена на споменатите уметници г-дин Томе Перински.
Основната идеја на Банката е да преку донација на својот простор и трудот на своите вработени, ја поддржи уметноста во Р.Македонија.
Целта на проектот е да уметниците од Македонија во Галерискиот простор на Банката препознаат творечко катче ослободено од материјалните стеги и насочено единствено кон промоција на уметноста
Од отворањето Галеријата е домаќин на 13 изложби во просек годишно. Самиот факт што галерискиот простор на НЛБ Банка секогаш резервиран една година однапред, зборува дека е остварена целта на Банката да галерискиот простор го втемели како катче ослободено од материјалните стеги и насочено единствено кон промоција на уметноста во Македонија. Во 2013 година, галеријата на НЛБ Банка, успеа да го втемели, одамна заслужениот примат ,,најдобра галерија во Македонија” со организација на вкупно 13 изложби, за кои Банката радо го донираше својот простор, но и труд во организацијата, а се со цел унапредување на уметноста во Македонија.
На 16-ти октомври 2014 година, на доделувањето на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2013 година во организација на Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија, НЛБ Банка ја доби наградата за најдобра општествена практика во категоријата насловена како „Вложување во заедницата“ за проектот „Донација на Галериски простор“.
Работното време на НЛБ Галеријата е секој работен ден од 8 до 19 часот и сабота од 8 до 16 часот.