Примена на Кодексот на однесување и кој се е обврзан да го почитува

  
      
     
 
 

Вработени

    Работењето коешто е во согласност со овој Кодекс обезбеди засилување на довербата во НЛБ Групацијата, што претставува клуч за нашиот углед и долгорочниот деловен успех. Сите вработени во НЛБ Групацијата мора да ги разбираат и да ги почитуваат вредностите, начелата и правилата коишто се содржани во овој Кодекс на однесување.
    Како вработени во НЛБ Групацијата ние сме одговорни за угледот на секоја членка на НЛБ Групацијата и мора да се запознаеме со овој Кодекс и да го почитуваме при нашето секојдневно постапување.
    Кодексот е практично насочен со цел да претставува помош за нас при нашата секојдневна работа. Однесувањето согласно со правилата на Кодексот на однесување на НЛБ Групацијата може да придонесе кон уште поуспешен развој на целата НЛБ Групацијата и на секој од нас, вработените. Секој од нас е должен да го почитува Кодексот и кон тоа да ги поттикнува своите колеги и деловни партнери.

Раководство

    Кодексот во целост важи и за членовите на органите на членките на НЛБ Групацијата. Во таа смисла во овој кодекс се толкува и изразот вработени во НЛБ Групацијата.

    Раководствата на различните нивоа во НЛБ Групацијата, вклучувајќи ги и членовите на органите на управување (членови на управите, надзорните совети, извршните директори, членови на управните одбори) имаат посебни одговорности:


  • Со членовите на своите тимови да го разгледаат овој Кодекс на однесување и да обезбедат сите да го разберат и на тој начин да ја поттикнуваат етичката култура во НЛБ Групацијата;
  • Да обезбедат нашите вредности и основните начела и правилата на однесување да се спроведуваат и да се почитуваат; да ги поттикнуваат отворените, чесните и искрените односи меѓу вработените, без страв или желба за одмазда;
  • Да ги поттикнуваат отворените разговори за сите прашања коишто ги третира овој Кодекс;
  • Со своето однесување и постапување да даваат пример којшто ги олицетворува вредностите и ги исполнува основните начела на НЛБ Групацијата;
  • Тие се одговорни за навремено преземање мерки кога ќе забележат етички проблеми во својата околина; никогаш не треба од своите вработени да бараат да се однесуваат во спротивност со законодавството, со другите пропишани правила или со начелата на овој Кодекс.

Односи со деловните партнери 

НЛБ Групацијата ги почитува основните начела и правила за посакувано однесување при соработката со деловните партнери и со другите учесници. Затоа НЛБ Групацијата од сите деловни партнери и другите учесници очекува да применуваат стандарди коишто се најмалку подеднакво вредни со тие што се запишани во овој Кодекс, вклучувајки го односот кон нивните вработени.

Во НЛБ Групацијата сме должни да ги почитуваме сите релевантни интереси на страните што учествуваат, на транспарентен начин и согласно со постигнатите договори.