Известување за променето работно време на експозитурите на НЛБ Банка и превентивни мерки за спречување на ширење на Корона вирусот
Почитувани клиенти,
Би сакале да Ве информираме дека согласно усвоените мерки на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести на Република Северна Македонија, со цел превенција на ширење на Корона вирусот, за времетраење на истите, НЛБ Банка изврши промена на работното време на експозитурите, и тоа:
Експозитурата во Валандово ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 08:00 до 12:00 часот, додека експозитурите Карпош 4, Три бисери, Клинички центар и Соборен храм нема да работат.
Исто така, НЛБ Банка воведе превентивни мерки и насоки за заштита на вработените и клиентите:
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГУЖВА
Минимизирајте ја посетата на експозитури, закажувањето на состаноци, директниот контакт со соработници и вработени, како и ракување и долго седење во затворени простории.
ДЕЗИНФИЦИРАЈТЕ СЕ
Во секоја експозитура поставени се средства за дезинфекција. Доколку имате неодложна потреба за посета на некоја од експозитурите, Ве молиме да ги користите средствата за дезинфекција.
КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ
Контактирајте нé на 02/15-600 и на мејлот info@nlb.mk во било кое време. Дополнително, доколку Ви треба консултација со вработен во некоја од експозитурите, на следниот линк Ви се достапни телефонските броеви и мејл адресите на експозитурите: https://bit.ly/2TZ54H1
КОРИСТЕТЕ ГИ НЛБ CASH–IN БАНКОМАТИТЕ
НЛБ Cash-In банкоматите Ви овозможуваат да реализирате дополнителни услуги како уплата на сметка, платежни картички, кредити, дневен промет и режиски трошоци. Листата на НЛБ Cash-In банкомати Ви е достапна на следниот линк: https://bit.ly/3aDdhr4
КОРИСТЕТЕ МОБИЛНО И ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО
Користете ги дигиталните канали на Банката кои Ви овозможуваат реализација на сите банкарски трансакции од кое било место и во кое било време. Преку нив можете да имате постојан увид на сите Ваши сметки, да вршите безготовински плаќања, да плаќате обврски за картички и кредити и режиски трошоци, да правите промена на лимитите за плаќање или подигнување готовина со вашите НЛБ Kартички. Повеќе информации можете да добиете на www.nlb.mk
ПЛАЌАЈТЕ БЕЗГОТОВИНСКИ И БЕСКОНТАКТНО СО НЛБ ПЛАТЕЖНИТЕ КАРТИЧКИ
Безготовинските трансакции Ви се достапни во секое време преку картичките на НЛБ Банка и Ви овозможуваат дополнителна заштита бидејќи на овој начин немате директен контакт со готовина. За дополнителна заштита, плаќајте бесконтактно со едноставно приближување на картичката до ПОС терминалот.
ПЛАЌАЈТЕ БЕСКОНТАКТНО СО NLB PAY МОБИЛЕН ПАРИЧНИК
Плаќајте преку мобилниот паричник NLB Pay, брзо и бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон на ПОС терминал. Апликацијата можете да ја преземете на следниот линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.nlbpay.makedonija
УПРАВУВАЈТЕ СО ЛИМИТИТЕ НА ВАШИТЕ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
За Ваша поголема сигурност и безбедност при користење на НЛБ Платежните картички, имате можност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ Контакт центарот да извршите промена на лимитите за плаќање или подигнување на готовина со Вашите НЛБ Платежни картички.
НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС
НЛБ Контакт центарот Ви е достапен во секое време за сите Ваши потреби и прашања на телефонскиот број 02/15-600 и на мејл info@nlb.mk . Со цел навремена и квалитетна услуга на клиентите, во моментов НЛБ Контакт центарот работи со засилени капацитети. Исто така НЕЛА – НЛБ Електронскиот асистент Ви е достапен на НЛБ Viber ChatBot 24/7 за сите Ваши прашања за продуктите и услугите на НЛБ Банка. Дополнително, можете да нé контактирате и преку социјалните мрежи и веб страницата на Банката.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
НЛБ Банка