Воведување на Основен бизнис пакет за правни лица   

 

  

Почитувани клиенти,

   

Ве информираме дека од 01.04.2021 година, НЛБ Банка изврши зголемување на провизијата за водење на денарска трансакциска сметка за правни лица со истовремено нејзино надградување во Основен бизнис пакет.

Основниот бизнис пакет за прaвни лица покрај денарска трансакциска сметка, вклучува и бизнис дебитна картичка и електронско или мобилно банкарство со право на преглед без надоместок.

  

НЛБ Банка секогаш во фокусот на своето работење ја има грижата за своите клиенти и нивните потреби, со цел зголемување на задоволството од корисничкото искуство. Во таа насока, постојано работи на воведување на нови како и унапредување на постојните продукти и услуги.

  

Повеќе информации за Основниот бизнис пакет и новите провизии можете да добиете на следниот линк

  

 

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје