НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до 31-ви мај

  
  
 

Во периодот од 1.04.2021 до 31.05.2021 година НЛБ Банка започнува промотивна кампања за кредитите за физички лица. За време на промотивниот период клиентите ќе можат да искористат низа придобивки и поволности, при што  сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

 

Во овој период НЛБ Потрошувачките кредити  ќе бидат достапни со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци, а клиентите дополнително ќе добијат и бесплатна НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка.

 

Во рамките на потрошувачките кредити, НЛБ Банка како лидер на пазарот во Банкоосигурување, воведува нов и единствен продукт за животно осигурување. Се работи за сосема нов концепт на животно осигурување кој на клиентите им носи низа придобивки: понуда на пошироко осигурително покритие, брза и едноставна постапка за прием во осигурувањето, како и можност за плаќање на премијата за осигурување преку ратите од кредитот.      

 

Во однос на оние клиенти кои оваа пролет ќе се одлучат да зачекорат во нова приказна и сакаат да купат нов стан ќе можат да ги искористат придобивките за НЛБ Станбените кредити кои се со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на  бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.

 

 За кредитните продукти на НЛБ Банка  и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Контакт центарот на телефон: 02/15 600