Инвеститорски ден на 13 септември во организација на Македонска берза 

 
 
 

НЛБ Банка информира дека, во рамките на вториот по ред „Инвеститорски ден“ во организација на Македонската Берза кој ќе се одржи на 13 септември, ќе им овозможи на своите клиенти - индивидуални инвеститори да тргуваат со акции на Македонската Берза без трансакциски трошоци.

   

     

Притоа, потребно е да бидат исполнети следните услови:

 

•  инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот

•  износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен и

•  трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

 

„Инвеститорски ден“ има за цел уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска Берза, како и зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.