ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА И ДЕТСКА ЗАШТИТА

 
 
 

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 2 јуни (четврток).

 

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 2.6.2022 година, клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
  

  • 2.6.2022 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 3.6.2022 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш​.               

 

   

Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

       

Ве замолуваме да ги почитувате препораките и да одржувате растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.