Почитувани клиенти,
На социјалните мрежи се појави видео во кое се прикажуваат лични податоци кои се поврзуваат со НЛБ Банка.
По направената темелна анализа, се утврди дека овие податоци не потекнуваат од системите на Банката и нема нарушување на безбедноста на сервисите на Банката. Случајот е пријавен до сите надлежни институции за преземање на соодветни мерки.
Заштитата на информациите и средствата на клиентите е највисок приоритет на Банката. Ги уверуваме нашите клиенти дека системите на Банката работат според најнапредните безбедносни стандарди и дека нивните податоци и финансиски средства се безбедни.