Платен промет со странство

Најсовремени технолошки решенија за извршување на услугите во доменот на платен промет со странство.

Карактеристики

  • Плаќања во странство
  • Примање на средства од странство
  • Наплата на чекови издадени од странска банка

Како да направите трансакција со странство?

Плаќање во странство

За да извршите плаќање во странство, потребно е да ги доставите следниве податоци:

  • Име и презиме на лицето или назив на фирмата корисник на плаќањето и адреса
  • IBAN број т.е. број на сметката
  • Името на Банката на корисникот на средствата и нејзината адреса
  • SWIFT Cod на Банката
  • Соодветено на основот на плаќањето, документ за потврда на истиот

Прием на средства од странство 

За да примите средства од странство, на испраќачот треба да му ги дадете следниве Ваши податоци:

  • Име и презиме и адреса
  • Вашиот IBAN број на трансакциската сметка кој можете да го добиете во сите експозитури на Банката

Податоци за НЛБ Банка:

NLB Banka AD Skopje,
Ul. Majka Tereza br.1, 1000 Skopje, R. Macedonia
SWIFT Cod. TUTNMK22

Локатор на експозитури