НЛБ Платежна сметка

За сите оние кои сакаат лесно и безбедно да раководат со своите финансиски средства во секое време.

Главни предности

  • Широк спектар на можности за безготовинско плаќање
  • Можност да располагате со Вашите средства во секое време
  • Можност за плаќање на Вашите редовни месечни трошоци преку траен налог
  • Можност за користење на НЛБ Клик - интернет банкарство и НЛБ мКлик – мобилна апликација за физички лица
  • Постојан увид на состојбата и прометот на Вашата платежна сметка преку НЛБ Мини клик
  • Бесплатна Visa Electron дебитна картичка за целиот период на користење
  • Можност за активирање на НЛБ СМС Известување за направен кредитен трансфер
  • Можност да подигате готовина без провизија на сите банкомати на НЛБ Банка и на банкоматите од НЛБ Групацијата во Црна Гора, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово
  • Можност за штедење преку НЛБ Штеди го кусурот
  • НЛБ Платежни пакети креирани според Вашите потреби

Дебитни картички

Visa Electron

Visa Electron е основна идентификациона картичка за Вашата лична платежна сметка. Тоа е дебитна картичка со која можете да плаќате безготовински и да подигате готовина од банкомати во земјата и странство. На картичката е отпечатен бројот на Вашата платежна сметка.



MasterCard Debit Contactless

MasterCard Debit Contactless картичката е дебитна картичка директно поврзана со Вашата лична платежна сметка, која можете да ја користите во земјата и странство за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати. Тоа е  дебитна картичка со можност за плаќање на 3 и 6 рати без камата. MasterCard Debit Contactless картичката нуди можност за бесконтактно плаќање.

Повеќе

Трошоци и каматни стапки

 

  • Активна каматна стапка до лимит: 14,3 % (благајнички записи + 8 процентни поени варијабилна за целиот период)
  • Без месечен надомест за сметки со вкупен промет до 500 мкд
  • 40 мкд месечен надомест за сите сметки (освен сребрена) со вкупен промет над 500 мкд
  • 35 мкд месечен надомест за сребрена платежна сметка со вкупен промет над 500 мкд

 

Општи услови за сметка за физички лица - применливо од 01.01.2023

Општи услови за сметка за физички лица - применливо од 01.02.2024

Информации за сметка со основни функции


Платежната сметка со основни функции го вклучува користењето на следниве платежни услуги:

  • услуги кои ги овозможуваат сите дејствија потребни за отворање, одржување и затворање на платежната сметка;
  • услуги кои овозможуваат уплата на парични средства и повлекување готовина*
  • извршување на платежни кредитни трансфери со платежна картичка, вклучително и  онлајн плаќање и кредитни трансфери, вклучувајќи и трајни налози, преку банкарските терминали, шалтерите во простории на Банката и онлајн користење.

*без провизија за готовинска исплата во денари за платежна сметка со основни функции

Покрај овие услуги корисникот на сметката со основни фукции има можност да користи интернет банкарство и мобилна апликација и дебитна картичка.

Платежната сметка со основни функции се отвора и гласи во денари.

 

Со сметката со основни функции не може да се користи дозволено преекорување, кредитна картичка и кредит.

 

Право на отворање платежна сметка со основни функции има потрошувач со законско престојувалиште и потрошувач на кој му е одбиено барање за престој и чие напуштање на Република Северна Македонија не е можно поради правни или други практични причини.

 

За отварање на сметка со основни фукции потребна е писмена изјава дека клиентот нема отворено платежна сметка во денари во НЛБ Банка или друг давател на платежни услуги во Република Северна Македонија

Трошоци и провизии

 Провизија за водење на сметка во денари - Максимум 0,1% од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци, согласно со објавите од страна на Државниот завод за статистика.

Без надоместок доколку потрошувачот и припаѓа на групата на корисници на следниве законски права:

      • законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката;
      • надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;
      • парична помош од социјална заштита;
      • привремена невработеност;
      • додаток на деца и
      • стипендија, кредит и помош на ученици и студенти.
Без надомест за  5 платежни трансакции помеѓу сметки во НЛБ Банка

 

Почитувани,

Европска регулатива за заштита на личните податоци - GDPR (General Data Protection Regulation) стапува на сила почнувајќи од 25 мај 2018 година и истата има за цел да ги усогласи правилата за заштита при обработката на личните податоци на граѓаните на Европската Унија.

Дополнителни информации за принципите и начинот на обработка на Вашите лични податоци во НЛБ Банка АД Скопје, како и Вашите права во врска со нив може да најдете во документот:

“Принципи и начин на обработка на личните податоци во согласност со Европската Регулатива- GDPR”.

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје

  

Information about the EU General Data Protection Regulation

Dear Client,

The EU General Data Protection Regulation (GDPR) will enter into force on 25 May 2018. This European Union (EU) regulation will harmonize the rules for the processing of personal data for EU citizens.

Further information on the principles and the manner of processing your personal data in NLB Banka AD Skopje, as well as your rights, can be found in the document:

“Principles and methods of personal data processing in accordance with General data protection Regulation – GDPR”

NLB Banka AD Skopje