НЛБ КЛИК - ИНТЕРНЕТ БАНКАРСТВО ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Може да се најавите на НЛБ Клик со одобрување на push нотификација преку НЛБ мКлик апликацијата за мобилно банкарство и истата може да ја преземете на Google Play, Apple store и App Gallery и самостојно да ја активирате со внесување на Вашите лични податоци и податоците од Вашата картичка. Исто така, НЛБ мКлик апликацијата можете да ја активирате и во најблиската експозитура на НЛБ Банка.
Преку НЛБ Клик интернет банкарство можете да ги реализирате следниве банкарски трансакции:
1. Увид во состојбата и прометот на Вашите сметки, картички, депозити и кредити во секое време
2. Добивање на електронски извештај за надоместоци
3. Купопродажба на девизи
4. Можност за плаќање на Вашите режиски трошоци
5. Можност за разни плаќања кон физички и правни лица во земјата
6. Распоред на девизни приливи
7. Можност за плаќање на обврски за кредитни картички и кредити
8. Надополнување на при-пејд сметка на мобилен телефон
Потребно е да имате платежна картичка и најновата верзија со цел да активирате интернет банкарство.
Во рамките на мТокен опцијата (вградена во мКлик) има опција да генерирате ОТП код кој може да го внесете во соодветното поле за ОТП за да го верификува плаќањето/најавата.