Издавањето на граѓанската обврзница е стратешка одлука на Владата на РСМ, која е дел од долгорочните Стратегии за Развој на финансискиот пазар и Стратегијата за управување со јавниот долг, но е дел и од Планот за забрзување на економскиот раст на земјата.
Преку инвестирање на готовинските заштеди во граѓански обврзници се мобилизира банкарскиот систем, а се намалува готовината во оптек, што е еден од начините на сузбивање на сивата економија и со тоа целосно почитување на постојните законски прописи и меѓународни стандарди за заштита од перење пари.
По одлука на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, во јуни 2023 беше пуштена првата граѓанска обврзница, а аукцијата за истата беше на 13 јули.
Согласно проспектот на Министерството за финасии, за втората граѓанска обврзница граѓаните можат да аплицираат до 6 ноември, а аукцијата ќе се одржи на 7 ноември, 2023 година.