Државни хартии од вредност

НЛБ Банка активно учествува на аукциите на државни хартии од вредност како овластен учесник, во свое име, а за сметка на индиректни учесници на организираните аукции.

Основни информации

Министерството за финансии на Р. Северна Македонија издава државни хартии од вредност на примарни аукции, кои ги организира Народна банка на Р. Северна Македонија, во функција на агент. Учеството на аукциите се врши преку овластени директни учесници - банки во Р. Северна Македонија.

НЛБ Банка АД Скопје од 2004 година активно учествува на аукциите како овластен учесник, во свое име, а за сметка на индиректни учесници на организираните аукции.


Активности поврзани со одржување на аукциите

  • Издавачот на хартиите, Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, најдоцна 4 работни дена пред секоја аукција објавува Проспект на аукцијата каде се дадени сите детали и услови на аукцијата.
  • На денот на аукцијата Банката прима барања од страна на заинтересираните клиенти кои сакаат да учествуваат на аукцијата на државни хартии од вредност
  • Пополнетoто  Барање за купување на државни записи / обврзници, потпишано од овластено лице, треба да се достави најдоцна до 10.00 часот на факс 02/ 3212-927 или скенирано на e-mail адреса dhv@nlb.mk. Истовремено клиентот треба и телефонски да ги извести вработените во Банката за намерата за учество на аукцијата
  • Аукцијата се одржува на одредени датуми во временски интервал од 11.00 до 12.00 часот
  • По објавувањето на резултатите од одржаната аукција, Банката ги известува учесниците на аукцијата за постигнатите резултати.

Уплата за купување на државни хартии од вредност

  • За учество на аукциите за купување на државни хартии од вредност, пред почетокот на аукцијата, заинтересираните треба да извршат уплата на:
       - дисконтиран износ на бараните државни записи и / или
       - номинален износ на државните обврзници 
  • Уплатата се врши на сметката на НЛБ Банка 210046645310119, со повикување на број 10014900
  • За посредување при купување државни хартии од вредност на примарен пазар Банката наплаќа надоместок согласно Тарифата за надоместоците на услугите.

    Доспевање на државни хартии од вредност

    На денот на доспевање на државните хартии од вредност, Министерството за финансии ги префрла средствата за доспеаните државни хартии од вредност на сметка на Банката. Истиот ден Банката, врз основа на Изводот за сопственоста на хартиите која се води во Централниот депозитар за хартии од вредност, ги пренесува средствата на сметките на сопствениците.

    Општи услови за посредување при купопродажба на државни хартии од вредност

    Основни информации

    • Секундарниот пазар на државни хартии од вредност  го опфаќа тргувањето (купување и продавање)  со веќе издадени државни записи  и државни обврзници.
      Тргувањето на секундарен пазар се одвива во рамки на институционалните пазари и надвор од институционалните пазари - пазари преку шалтер (ОТЦ) согласно пропишани правила.
    • Врз основа на доставените инструкции  Банката креира пораки кои електронски се доставуваат до НБРСМ, а оттаму се проследуваат до ЦДХВ каде системски се врши вкрстување на пораките по принципот испорака наспроти плаќање (delivery versus payment)
    • За успешно порамнета трансакција Банката добива известување по што пристапува кон исплата на средствата на продавачот на хартиите.

    Документи кои се доставуваат до Банката

    • Најава за намера за купување / продавање на државни хартии од вредност на пазар преку шалтер
    • Достава на Инструкциите за порамнување на трансакции со државни записи на пазари преку шалтер доставени од продавачот / купувачот до Банката на факс 02/3212 - 927. Инструкциите треба да ги содржат:
           - податоците за клиентот 
           - износот кој се нуди за продавање / купување 
           - цената на хартијата од вредност 
           - сметката за хартии од вредност на клиентот во ЦДХВ и платежна сметка