Депозит Класик

Депозит Класик е наменет за сите кои сакаат да ги орочат своите финансиски средства на одреден временски период.

Основни информации

  • Валута: МКД, ЕУР, УСД, АУД, ГБП
  • Рок на орочување: по видување, 1, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци
  • Минимален влог: 2.500 МКД / 50 ЕУР
  • Каматни стапки: номинални, фиксни за денарски и девизни депозити со рочност до 36 месеци и варијабилни за денарски и девизни депозити над 36 месеци 
  • Припис на камата: месечно или рочно (за ависта депозит – на крајот на годината)
  • Склучување на договор: во сите експозитури на Банката
  • Документ за идентификација: лична карта или пасош 

Каматни стапки

МКДЕУРУСДГБПАУД
1 месец 0,01% 0,01% 0,01% 0,01%
2 месеци
3 месеци 0,05% 0,01% 0,01% 0,01%
6 месеци 0,20% 0,05% 0,03% 0,03% 0,01%
12 месеци 0,60% 0,30% 0,05% 0,05% 0,03%
24 месеци 1,30% 0,60% 0,10% / 0,05%
36 месеци 1,60% 1,20% 0,20% / 0,10%
48 месеци 2,63% / / / /
60 месеци 2,73% / / / /

* Каматните стапки се на годишно ниво.

** Денарските депозити со рочност до 36 месеци имаат фиксна каматна стапка. Кај депозитите со рочност од 48 и 60 месеци каматната стапка е варијабилна и е составена од Национална референтна каматна стапка (НРКС) зголемена за фиксен додаток. НРКС се усогласува на 01.01. и 01.07. во годината за сите постоечки депозити, а ново отворените партии ја превземаат важечката НРКС за месецот во кој се отворени.

*** Депозититите во валута ЕУР имаат фиксна каматна стапка. Кај депозитите во валута ЕУР со рочност од 48 и 60 месеци, отворени пред 01.06.2023 година, каматната стапка е варијабилна и претставува збир на 6 месечен ЕУРИБОР и фиксен додаток. 6 месечниот ЕУРИБОР се усогласува на 01.01. и 01.07. во годината за сите постоечки депозити. Како важечка каматна стапка во неработни денови или денови од викенд, кои се работни за експозитурите/каналите на Банката, се смета каматната стапка објавена за последниот работен ден.

**** Вредноста на НРКС во моментов изнесува 2,43% (усогласувањето на НРКС се прави на 6 месечна основа, а новоотворените партии ја превземаат важечката НРКС за месецот во кој се отворени)

***** Како важечка каматна стапка во неработни денови или денови од викенд,  кои се работни за експозитурите/каналите на Банката, се смета каматната стапка објавена за последниот работен ден.

Преглед на каматни стапки за сите депозити на физички лица