Онлајн аплицирање за кредитни картички и промена на лимит преку мКлик

Онлајн аплицирање за кредитни картички и промена на лимит преку мКлик


Online аплицирањето за кредитните картички како и промената на лимитот на веќе постоечки кредитни картички преку мКлик мобилната апликација овозможува лесен и брз пристап до финансиски средства, без потреба од физичка посета на банка.

Во процесот за аплицирање за нова кредитна картичка, избирате експозитура за достава на истата, а во период од 2-3 дена картичката е изработена и доставена во експозитура, за што ќе добиете порака дека можете да ја подигнете картичката како и ПИН кодот за нејзино користење.  


Во процесот за зголемување на лимит на кредитна картика, новиот износ го имате на располагање  веднаш по потпишување на договорната документација.

Услови за аплицирање


За да можете да аплицирате онлајн за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка, потребно е да ги исполнувате следните услови:

  • да користите било кој од мКлик пакетите со можност за плаќање (Стандард, Комфорт или Пакет за млади) со кој имате можност да потпишувате
  • да имате валиден документ за лична идентификација евидентиран во системот на Банката
  • да имате активна платежна сметка и средства на истата за наплата на апликативен трошок.

 

Трошоци:

Трошок за апликација за нова кредитна картичка: 300 МКД

Трошок за промена на кредитен лимит на постоечка кредитна картичка: 200 МКД 

ПРОМОТИВНО ДО 14.07.2025 БЕЗ ТРОШОК ЗА АПЛИКАЦИЈА И БЕЗ ТРОШОК ЗА ПРОМЕНА НА КРЕДИТЕН ЛИМИТ!

Како да станете корисник?

               Апликацијата НЛБ мКлик можете да ја симнете преку:

                          
                           

Апликацијата можете самостојно да ја активирате или да ја посетите најблиската експозитура на Банката.

Локатор на експозитури