НЛБ haPPy картички,

Најдоброто за твојот џеб!

  

Промотивна фиксна каматна стапка од 8,9% за сите безготовински трансакции направени во периодот од 1.4.2025 до 31.7.2025 година! 

 

 

 

Карактеристики 
  



  • НЛБ haPPy e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard издадена од страна НЛБ Банка во соработка со Неп лојалити
  • Бесконтактна картичка со меѓународна важност која секојдневно можете да ја користите во земјата и странство, за  сите Ваши купувања како и за подигање на готовина
  • Минимум месечна отплата во висина од 5% од вкупните доспеани обврски 
  • Бескаматен грејс период до 45 дена
  • Можност за плаќање на обврските со траен налог, преку НЛБ Клик - интернет банкарство и НЛБ мКлик - мобилна апликација
  • Можност за плаќање на рати без камата на продажни места со кои Банката има склучено договор
  • Без провизија за плаќање во продажна мрежа во земјата и во странство
  • Можност за промена на дневни лимити за трошење преку НЛБ мКлик мобилната апликација
  • Кумулативен износ од 6.000 МКД кај бесконтактните плаќања со НЛБ Платежните картички. При достигнат вкупен износ на бесконтактни плаќања од 6.000 МКД, се бара од клиентот да ја внесе картичката во читачот за да биде прочитан чипот од истата и трансакцијата да биде потврдена со ПИН код. Штом се внесе ПИН код, сумирањето/кумулирањето на износите на бесконтактни плаќања започнува повторно од 0, се до следниот збирен износ од 6.000 МКД. 

Главни предности
 

  • Можност за остварување на cashback во висина до 12% од износот на трансакцијата при секое купување во рамки на партнерската мрежа 

  • Загарантиран поврат на средства* - cashback во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажните места надвор од партнерската мрежа ( во земјата и странство).

    *Повратот на средства ги исклучува следниве типови на кредитни трансфери

  • Можност за инстант одобрување на кредитен лимит на картичката во продажните салони на Нептун, како и можност за реализација на првото купување во истиот момент, без физичко поседување на картичката.

  • Бесплатна смс нотификација за сите кредитни трансфери реализирани со кобрендираната картичка.
  • Репрезентативен пример за Mastercard  Happy со редовна каматна стапка од 13,55%
    • 5% минимален износ на отплата
    • Износ 20.000,00
    • Вкупна камата 3.647,00 мкд

  • Репрезентативен пример за Mastercard  Happy со ПРОМОТИВНА КАМАТНА СТАПКА ДО 31.7.2025 од 8,9%
      • 5% минимален износ на отплата
      • Износ 20.000,00
      • Вкупна камата 2.396,00 мкд

   

Листа на трговци и cashback поволности

Каде може да се аплицира  за НЛБ haPPy кредитната картичка?

       Во сите експозитури на НЛБ Банка:

Локатор на експозитури

     Во сите продажни салони на Нептун Македонија:

Локатор на продажни салони

  

Каматни стапки: 

  • Активна каматна стапка до лимит: 8,9% промотивна намалена каматна стапка за безготовински трансакции направени во периодот од 1.4.2025 до 31.7.2025 

Членарина: 900 мкд годишно на 12 месечни рати

 

Трошок за апликација: 300 МКД