Како да се најавите на НЛБ мКлик?


Активирај НЛБ мКлик мобилно банкарство во промотивниот период од 28.10.2024 до 31.12.2024 година, и добиј 3 месеци бесплатен НЛБ мКлик Стандард пакет со право на плаќање!
 

Како да станете корисник?

               Апликацијата НЛБ мКлик можете да ја симнете преку:

                          
                           

Апликацијата можете самостојно да ја активирате или да ја посетите најблиската експозитура на Банката.

Локатор на експозитури

Основни информации

НЛБ мКлик - мобилна апликација е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон. Со НЛБ мКлик апликацијата можете да вршите разни плаќања директно од Вашиот мобилен телефон и да ги извршувате сите банкарски работи од било кое место и во било кое време.

Што овозможува
НЛБ мКлик?

  • Отворање на платежна сметка online директно преку апликацијата
  • Едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата и прометот на сите Ваши сметки, депозити,картички и кредити
  • Извршување на сите плаќања со само еден клик: интернитрансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица
  • Промена на лимит на Вашите картички за подигнување готовина на банкомат, плаќања во продажната мрежа на ПОС терминал и интернет плаќања, за Ваша поголема сигурност и флексибилност при користење на НЛБ платежните картички
  • Конверзија од една во друга валута
  • Надополнување на кредит за мобилен телефон
  • Локатор на најблискиот банкомат и експозитура
  • Директен контакт со Банката во секое време
  • Брзо и едноставно плаќање на достасаните обврски на  Вашите кредитни картички / Кредити
  • Доспевање на рати на Вашите кредитни картички
  • Плаќање на сметки за режиски трошоци без провизија 
  • Добивање на известувања (нотификации) за кредитни трансфери со платежни картички како и известувања (нотификации)  за приливи и одливи од Вашата платежна сметка
  • Вршење на девизен платен промет.
  • Нотификација за прилив од странство.
  • Можност за промена на лимити за дневни и месечни кредитни трансфери реализирани преку НЛБ Клик и НЛБ мКлик.
  • Опција за брзо креирање на нов налог преку swipe опција.
  • Можност за споделување на реализирани налози.
  • Поголема безбедност при плаќање со автентификација со ПИН или со отпечаток од прст.
  • Плати на пријател
  • Подели сметка
  • Можност за аплицирање за НЛБ мКлик кредит
  • Можност за ажурирање на личните податоци
  • Прилагодување на апликацијата за користење од страна на лица со попречености на видот
  • Превземање на извештај за надоместоци од платежна сметка 

Предности

  • Модерен интуитивен дизајн
  • Заштеда на време и финансиски средства
  • Независност од работното време на експозитурите на Банката
  • Плаќањата се вршат директно без потреба од софтверски уред токен
  • Извршување на сите банкарски услуги 24 часа, 7 дена во неделата 
  • Пониски провизии за електронски налози од 50% до 70% во однос на налозите извршени во експозитура

Трошоци и провизии

НЛБ мКлик апликацијата е достапна преку НЛБ пакети. 

Трошоците за сите електронски налози извршени преку НЛБ мКлик се 50% до 70% пониски од трошоците за хартиените налози извршени во експозитура.

Линкови за помош

Како да инсталирате НЛБ мКлик мобилна апликација?

Како да промените НЛБ мКлик пакет со право на плаќање?

Како да ги реализирате самостојно сите банкарски кредитни трансфери од дома?