Платен промет во земјата  

За сите денарски безготовински и готовински плаќања.

Основни информации

НЛБ Банка АД Скопје е носител на платниот промет во земјата и дел од платниот систем на Р.Македонија, каде сите денарски платни трансакции на своите комитенти ги извршува преку:

1. Интерен платен промет

– плаќања помеѓу комитентите на Банката (систем на плаќања во рамки на една банка), кој е најефтин и најбрз начин на реализација на налозите за плаќање. Истовремено банката ги врши и сите готовински плаќања (уплати и исплати на готовина). 

2. Екстерен платен промет

– меѓубанкарски платен промет каде учесниците од две банки своите плаќања може да ги извршуваат преку два система на порамнувања:

  • МИПС Македонски интербанкарски платен систем односно систем на порамнување во НБРМ. Се користи за итни и големи плаќања на и над 1.000.000 денари.
  • КИБС– Клириншки интербанкарски систем односно систем на порамнување во Клириншката куќа. Порамнување помеѓу банките кое се врши на крај од пресметковниот ден за налози до 1.000.000 денари.
  • КАСИС - Интернационалниот картичен систем АД Скопје претставува систем за мултилатерално одложено нето-порамнување на плаќањата со домашни брендови на платежни картички