Известување за реновирање на eкспозитура Карпош 3

   

  

Почитувани клиенти, 

   

Ве информираме дека во периодот од 09.05.2018 до 12.05.2018 година ќе се реновира деловниот простор на експозитурата Карпош 3.

   

Во периодот од 09.05.2018 (среда) до 11.05.2018 (петок), експозитурата ќе работи со скратено работно време од 08:00 до 16:00 часот, а клиентите ќе можат да реализираат само безготовински трансакции, како и да ги користат услугите лично банкарство, кредитирање и кредитни картички. Благајните за готовински трансакции нема да работат.

  

На 12.05.2018 (сабота) експозитурата нема да работи.

  

 Готовинските трансакции можете да ги извршите во најблиските експозитури на НЛБ Банка:

  

  • Експозитура Карпош 4 (Бул. Партизански Одреди бр.88-6/1 , работно време: понеделник – петок 09.00 – 17.00)
  • Експозитура Ѓорче Петров (Ул. Исаија Мажовски бр.42 , работно време: понеделник – петок: 09.00 – 17.00 сабота: 09.00 – 13.00)
  • Експозитура Универзална сала (Бул. Партизански одреди бр. 43 , работно време: понеделник – петок: 09.00 – 17.00, сабота: 09.00 – 13.00)
  • Експозитура Капиштец (Ул. Франклин Рузвелт бр.1, работно време: понеделник – петок: 08.00 – 17.00, сабота: 09.00 – 13.00)

  
Покрај тоа, на располагање Ви стојат и електронското банкарство НЛБ Клик и мобилното банкарство НЛБ мКлик, како и Контакт центарот 02/ 15 600.

 

Реновирањето на експозитурата е во насока на модернизирање на просторот во кој се опслужуваат клиентите на Банката, во една нова и современа експозитура со крајна цел зголемување на корисничкото задоволство.

  

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје