„Инвеститорски ден“ на Берзата на 18- ти септември

 

  

Почитувани клиенти,

 

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата иницира одржување на т.н. „Инвеститорски ден“, кој ќе се одржи на 18.09.20202 година.

НЛБ Банка АД Скопје, со задоволство ве известува дека се приклучи кон оваа иницијатива на Македонската Берза и на овој ден Банката ќе им овозможи на своите клиенти - индивидуални инвеститори, да тргуваат со акции на Македонската Берза без трансакциски трошоци.

Поконкретно, на „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива. 

 
 

  

Иницијативата „Инвеститорски ден“ има за цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

Овој настан се очекува да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

Затоа Ве повикуваме да ја искористите оваа можност и да зачекорите во светот на инвестирањето во хартии од вредност!

 

 

   

 

 

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНСКИ АКЦИИ!