Известување за соработниците на НЛБ Банка за прекинување на постапување согласно Уредба со законска сила за примена на Закон за данок на додадена вредност 

 

  

Почитувани,

  

На 27.03.2020 година во Службен Весник бр.80, беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за данок на додадена вредност за време на вонредна состојба и истата е со важност  до 20- ти септември 2020 година.

  

Ве известуваме дека, од 21- ви септември 2020 година, поради престанување на примена на Уредбата, Банката за валидни електронски фактури ќе ги смета само оние електронски фактури кои се издадени согласно член 53-б од Законот за данок на додадена вредност (а тоа се потпишани фактури со  примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за  податоците во електронски облик и електронски потпис).

  

Им благодариме на сите соработници кои ја прифатија и времено ја применуваа Уредбата во делот на електронски фактури и ги повикуваме сите соработници кои се во можност, на постапување и примена на електронска фактура согласно Закон за додадена вредност, бидејќи на тој начин заедно ќе придонесеме кон побрза дигитализација на процесите и користење на придобивките од истите во деловната сфера.

 

Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје