НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 24,8 милиони евра  

 

 

На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано денеска, беа усвоени одлуката за употреба на акумулирана добивка на НЛБ Банка Скопје од 2019 и 2020 година, како и одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.
 
НЛБ Банка од остварените добивки за 2019 и 2020 година, кои се во вкупен износ од 57,8 милиони евра, со одлука на акционерите во 2020 и 2021 година, задржа нераспределен профит во вкупна вредност од 43,8 милиони евра.
 
На ова Собрание, акционерите на НЛБ Банка одлучија за докапитализација на Банката со задржување на 19 милиони евра од нераспределената добивка од 2019 и 2020 година со цел исполнување на дополнителното капитално барање и поддршка на амбициозните планови на Банката за раст и развој во клучните сегменти од работењето.
Останатиот дел во износ од 24,8 милиони евра согласно изгласаната одлука на Собранието на акционери ќе се распредели за исплата за дивиденда. Бруто износот на дивиденда по акција изнесува 29,06 евра, односно 1.787 денари.

    

Исплатата на дивиденда ќе започне 30-от ден од одржувањето на Собранието на акционери. Последен датум на тргување со право на дивиденда е 1.12.2021 година, додека прв датум на тргување без право на дивиденда е 2.12.2021 година.
Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 3.12.2021 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на Централен депозитар на хартии од вредност.

НЛБ Банка и оваа година година остварува одлични резултати, и заклучно со 30.09.2021 година нето-добивката изнесува 27,5 милиони евра и годишен пораст од 33,5%.