ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

 
Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 30 мај (понеделник).
  
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 30 мај пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
  
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 30 мај до 2 јуни и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

  • 30 - ти мај (понеделник) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 31 - ви мај (вторник) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 1 - ви јуни (среда) 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 2 - ри јуни (четврток) 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 
 
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 30.5. – понделник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

 
Ве замолуваме да ги почитувате препораките да држите растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.