Изложба на дела од Драгица Ристеска Димитровска во Галеријата на НЛБ Банка

 

На 26-ти мај 2016 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во Галеријата на НЛБ Банка АД Скопје, се отвора изложба на слики со наслов: „Остатоци, фрагменти,сенки...” од академскиот сликар Драгица Ристеска Димитровска.

 

Станува збор за апстрактни дела изработени во техниката акрил на платно и акрил на тврда подлога. На изложбата ќе бидат презентирани дела од последниот циклус на авторката, создадени во период од 2015-2016 година. Оваа нејзина целина е инспирирана од безбројните фрагменти, остатоци, сенки кои ги пронаоѓа околу себе во секојдневните предмети и објекти и истите ги спојува и претвора во апстрактни елементи кои ги отсликува на платно кое од една страна ја поттикнува потсвеста да се сети на омилените остатоци од целото, кое е одраз на нејзиниот автентичен начин на изразување.