Совети за безбедно користење на НЛБ мКлик мобилното банкарство и NLB Pay мобилниот паричник

 

ОБЕЗБЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ УРЕД

Главна заштита е прво да се обезбеди Вашиот личен уред. Лозинка (препорачливо подолга), која ќе содржи букви, броеви и карактери. Ако се користи PIN код, препорачливо е да се користи некоја поразлична комбинација (пример да НЕ се користи 1111). Користењето на биометриска заштита како Fingerprint/TouchId (отклучување со отпечаток на прст) е едноставно и брзо доколку го нуди Вашиот уред. Како безбедна и официјална биометрија со препознавање на лик е FaceID од Apple. Практикувајте да се  одјавувајте  од НЛБ мКлик апликацијата после употребување на истата.

КОРИСТЕТЕ ЈА ОФИЦИЈАЛНАТА НЛБ МКЛИК АПЛИКАЦИЈА

Осигурајте се дека ја инсталирате вистинската апликација. Линкот за истата може да ја најдете на официјалната веб страна. Инсталирајте ја НЛБмКлик само од Apple App Store и Google Play Store и проверете кој е развивачот на апликацијата. 

РЕДОВНО АЖУРИРАЈТЕ ЈА ВЕРЗИЈАТА НА НЛБ МКЛИК АПЛИКАЦИЈАТА

Овозможете автоматско ажурирање на Вашата апликација за да ја имате секогаш најновата верзија на НЛБ мКлик. Новите верзии секогаш содржат подобрувања или некои нови функционалности. 

ВНИМАВАЈТЕ КОИ ЛИНКОВИ ГИ ОТВОРАТЕ

Секогаш проверувајте ги деталите на испраќачот и проверувајте дали линкот и доменот на таа страна е навистина на НЛБ Банка. Ако е сомнителна, игнорирајте ја. Истото се однесува и на СМС пораки. Никогаш не споделувајте кориснички имиња и лозинки. Ако ги имате споделено, променете ги Вашите лозинки кои ги користите. 

АКО ГО МЕНУВАТЕ УРЕДОТ, ИЗБРШЕТЕ ГИ СИТЕ ПОДАТОЦИ

Ако планирате да го продадете Вашиот уред, препорачливо е да ја избришете НЛБ мКлик апликацијата.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГО ЗАКЛУЧИТЕ МОБИЛНИОТ УРЕД СО ЛОЗИНКА КОГА НЕ КОРИСТИТЕ NLB PAY

Доколку користите NLB Pay мобилен паричник, секогаш чувајте го мобилниот телефон заклучен, со уникатна лозинка, која повремено ќе ја менувате. Може да користите и друг вид на идентификација како препознавање на лице или отпечаток од прст. Внимавајте да не го изгубите или оштетите Вашиот телефон со мобилната апликација, бидејќи истата всушност претставува уште еден паричник. 

НЕ ПРАВЕТЕ ROOT/JAILBREAK НА ВАШИОТ УРЕД

Модифицирањето на Вашиот уред root/jailbreak (Android/iPhone соодветно), ги отстранува вградените заштити на Вашиот уред.

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ КОГА КОРИСТИТЕ ЈАВНА WI-FI МРЕЖА

Избегнувајте  да  пристапувате до Вашите банкарски сметки од мобилниот телефон кога сте поврзани на јавна „WIFI“ мрежа.